ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ПОЖАРОТ ВО НИКОЛИЧ БЕШЕ ЕДЕН ОД НАЈЛОШИТЕ КОЈ СУМ ГО ВИДЕЛ, МОЖЕШЕ ДА БИДЕ ПЕКОЛ“: Михаилов со мали повреди при гасењето на пожарот во Дојран

„ПОЖАРОТ ВО НИКОЛИЧ БЕШЕ ЕДЕН ОД НАЈЛОШИТЕ КОЈ СУМ ГО ВИДЕЛ, МОЖЕШЕ ДА БИДЕ ПЕКОЛ“: Михаилов со мали повреди при гасењето на пожарот во Дојран

Заменик генералниот директор на Македонски шуми, Кире Михаилов, активно учествуваше во гасењето на пожарот во селото Николич, Дојран.

Тој на социјалните мрежи сподели дека овој пожар бил еден од најстрашните што го видел во животот.

Благодарам од дното на душата за постов и сакам да Ви кажам дека Вашата поддршка ми дава поттик да продолжам уште посилно. Пожарот во Николич беше еден од најлошите кој сум го видел. Од пожарот во Николич излегов малку со испрлена коса, печење во очите, печење на целото тело каде не бев покриен, мало поткашлување, но, со прекрасно чувство во душата поради тоа што посериозно не се повреди никој, никој,а можеше да биде пекол. Поклон до земја и благодарност со сите кои беа таму со мене и благословени да сте ми сите“, напиша тој.




ad
Слично

Поврзани вести