Пожарот во Министерство за правда ставен под контрола - што е уништено?
Пожарот во Министерството за правда е локализиран, а пуштена во сообраќај е и улицата Димитрија Чуповски.
Пожарот зафатил канцеларии на 4 кат, а нема повредени, затоа што сите вработени биле евакуирани.
Заменик-министерот за правда, Оливер Ристевски, бил во зградата на Министертсвото за правда во моментот кога избувнал пожарот.
Ристовски раскажа дека се наоѓал во својата канцеларија, но по вклучувањето на алармот, бил евакуиран заедно со вработените, па причинета е само материјална штета.
Вели дека не е уништена важна документација.
Слично
