ПОЖАРОТ ВО КУМАНОВСКО ПРОГОЛТА ЕДНА КУЌА: Пожарникарите се бореа со огнената стихија да ги заштитат куќите
Пожарот кој вчера започна во атарот на селото Бељаковце, Општина Куманово, беше активен во текот на целата ноќ.
Како што информираше Стојанче Ангелов, пожарникарите на ТППЕ Куманово биле фокусирани на заштита на куќите на ова село од разбиен тип, кои се расфрлани на неколку ридови.
„За жал една стара куќа чиј сопственик не живее во неа туку ја користи повремено, беше зафатена од пожарот и целосно изгоре. Поради заканата по други куќи како и опасноста огнот да влезе во блиската борова шума, кон с. Бељаковце полетаа трите ер трактори на ДЗС“ истакна тој.
Слично
