ПОЖАРОТ СЕ ПРИБЛИЖУВА КОН СЕЛОТО: Сите кои имаат имоти во Крушевица да се упатат таму да ги заштитат објектите
Сопствениците на имоти во мариовското село Крушевица истите да ги заштитат.
Прилепските локални власти, заедно со крисниот штаб, попладнево упатија апел до оние кои имаат имоти во мариовското село Крушевица за да се упатат таму, поради големата опасност од пожарот.
„Сите кои што имаат имот во селото Крушевица, ве замолуваме итно да се упатите кон своите имоти опремени со соодветна облека и алат за гаснење (лопати, гребла)! Пожарот за жал се доближува до селото, апелираме сите кои што се во можност да излезат и да помогнат“, стои во апелот од општина Прилеп.
Преку 150 професионалци се на теренот и главен приоритет им е да ги спасат населените места од опасноста на огнената стихија која опфатила преку 10.000 хектари, главно ниска вегерација, а огнената линија е на преку 30 километри. Со денови гори на истата локација. Стотици пожари ја соголеа Македонија во јули и август годинава.
