Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пожарот помеѓу Делчево и Пехчево ги стави на готовс Бугарите

Пожарот помеѓу Делчево и Пехчево ги стави на готовс Бугарите

Ситуацијата со пожарот во Македонија, кој беснее во близина на границата со Бугарија, досега е контролирана.

На петтиот ден од битката со пожарот помеѓу Делчево и Пехчево, надежите се дека со заладувањето ќе дојде и дожд.

Но, сепак, соседите се ставени на готовс и преземаат чекори за огнената стихија која се доближува до нивна територија. Она што е кажано од бугарски функциониери во Симитли, е дека ќе биде пратен булдожер за да се направт ископи и се запре огнот ако помине од границата со Бугарија.

За бТВ, бугарската амбасада во Скопје појасни дека има вкупно десет пожари во земјата што не се контролирани, пренесува бтв њус.

Нема информации за повредени луѓе овде во областа.

Во градот Пехчево нема противпожарна служба, таа се потпира на мобилизација на стотици доброволци и пожарникари од Бугарија. Напорите сѐ уште се фокусирани на западниот фронт на огнот, каде што сѐ уште гори, а во близина има вили и посеви.

Владата на Македонија прогласи кризна состојба во период од 30 дена, од вчера, 5 август 2021 година.

Мерката вклучува забрана за движење на граѓани во шуми и шумски области.


Слично

Поврзани вести