Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЖАРОТ НЕ БИЛ ВО СКЛАДИШТЕТО НА МАКПЕТРОЛ: Компанијата со повеќе детали

ПОЖАРОТ НЕ БИЛ ВО СКЛАДИШТЕТО НА МАКПЕТРОЛ: Компанијата со повеќе детали

Нема пожар во складиштeто на „Макпетрол“ во скопската населба Илинден, извести компанијата.

-Во складиштето на „Макпетрол“ нема пожар, ниту експлозија, како што вечерва известија дел од медиумите. Инцидентот за кој што медиумите објавија информации се случил во близина, односно на железничката станица Илинден, но на никаков начин не е поврзан со складиштето на „Макпетрол“, соопштија оттаму.

Во синоќешната трагедија на железничката станица Илинден загина 14-годишно девојче откако играјќи си околу вагоните со уште две деца во еден момент се качило врз еден од нив и починало како последица од струен удар. 


Слично

Поврзани вести