Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЖАРОТ НАСТАНАЛ ОД ЕКСПЛОЗИЈА, ПОЧНА ПРОЦЕСОТ НА ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА ЖРТВИТЕ: Обвинителот Борислав Сарафов и обвинителите од Македонија потврдија

ПОЖАРОТ НАСТАНАЛ ОД ЕКСПЛОЗИЈА, ПОЧНА ПРОЦЕСОТ НА ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА ЖРТВИТЕ: Обвинителот Борислав Сарафов и обвинителите од Македонија потврдија

Заменик-главниот обвинител Борислав Сарафов и главниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески дадоа изјава за медиумите коментирајќи го трагичниот инцидент на автопатот Струма.

Утврдено е дека имало експлозија во автобусот, но засега не се јасни причините за истата.

„Одржавме заеднички работен состанок за разјаснување на сите линии на меѓународната правна соработка – добивање на сите потребни документи од македонска страна и добивање биолошки материјал за идентификација на жртвите“, рече заменик-главниот обвинител.

Списокот на патници од автобусот е испратен до Македонија и е започнат процесот на идентификација. Уверени сме дека се прават максимални напори и потребната соработка, рече Сарафов. Сите потребни документи обвинителството ќе ги испрати до РСМ.

„Сакам да изразам сочувство до роднините на жртвите и да им се заблагодарам на колегите од бугарското обвинителство за заедничката работа“, рече главниот обвинител на РСМ, Љубомир Јовески. Од повредените патници кои се во Пирогов, само двајца од нив се во подобра состојба и можат да дадат исказ. Овде на лице место се сослушуваат и сведоци.

Имало и втор возач, се претпоставува дека двајцата возачи загинале, но информацијата не е конечна. Во РСМ во моментов нема да се води дополнителна предистражна постапка, засега таа ќе биде само на територијата на Бугарија, соопштија обвинителите.

Вилма Русковска од специјалното обвинителство објасни дека компанијата е стара 20 години, досега немало сообраќајни незгоди, но мора да се провери соодветната документација за техничката состојба на автобусите. Според првичните информации, запалениот автобус е нов, и во функција е само три години.

Ноќеска пред 3 часот по полноќ на автопатот кај Струма се случи тешка сообраќајна несреќа при што се запали автобус на Беса Транс и загинаа 45 лица. Сите жртви се државјани на Република Северна Македонија. Спасени се 7 патници кои сега се сместени во болницата во Пирогов. Меѓу загинатите има и 12 деца.

Извор: БНТ

Слично

Поврзани вести