Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пожарот на Матка го подметнал седумнаесетгодишник?

Пожарот на Матка го подметнал седумнаесетгодишник?

Љ.Ш.(17)  од Скопје е осомничен дека на 3 август го подметнал пожарот во Долна Матка. 

Пожарот е пријавен околу 13,46 часот, во Единицата за известување и команда во СВР Скопје телефонски. 

„Веднаш по пријавата за настанот на лице место излезени се полициски службеници од ПО Сарај, вработени од ЈП Паркови зеленило, БППЗ Скопје и ЦУК, a известен e и јавен обвинител. По превземените оперативни мерки и активности дојдено е до сознание дека можен сторител на кривичното дело е Л.Ш. (17) од Скопје за што од страна на СВР Скопје, по комплетирање на целосната документација, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 227 од КЗ на РМ“ - стои во информацијата од МВР.

Според пријавеното  во селото Долна Матка во близина на кајак клубот, односно шумата спроти реката Треска, била зафатена од пожар кој се ширел со голема брзина.

Слично

Поврзани вести