Пожарот кај „Рампа“ ставен под контрола, повреден еден пожарникар
Пожарот што попладнево избувна во објект кај „Рампа“ во Скопје е ставен под контрола и локализиран, соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на својата фејсбук-страница.
Според Ѓорѓиевски, пожарот бил ставен под контрола благодарение на брзата, храбра и професионална интервенција на Противпожарната бригада на Град Скопје.
Со интервенцијата било спречено ширење на огнот кон околните објекти и избегната е поголема трагедија.
Жртви нема, но еден пожарникар е повреден при интервенцијата и веднаш е пренесен на клиника. Ѓорѓиевски му посака брзо закрепнување и изрази благодарност за неговата пожртвуваност.
Тој нагласи дека ова е уште еден доказ за важноста на Противпожарната бригада и за ризикот со кој пожарникарите секојдневно се соочуваат за да ги заштитат граѓаните.
