Пожарот кај Габрово е локализиран, а едно лице е повредено
Едeн човек е повреден во пожарот што денеска попладне избувна кај месноста ,,Штабот” над атарот на селото Габрово, во околината на Делчево.
Локализиран е пожарот што попладнето го зафати атарот над делчевското село Габрово. Од делчевската територијална противпожарна единица информираа дека нивни екипи ќе останат во близина на местото викано „Штабот” кое е најмногу зафатено од пожарот. Повредениот е во добра здравствена состојба. Во месец август имаше големи шумски пожари во околината на Берово, Пехчево, Делчево.
Слично
