ПОЖАРОТ ЈА ПОМИНА ГРАНИЦАТА: Од Дојран се прошири на грчка страна
Пожарот кај Дојран се прошири и на грчка територија.
Пожарот кај селото Николиќ во општина Дојран, активен веќе трет ден, ја помина границата и се прошири и на грчка страна, а интервенираат копнени и воздушни противпожарни сили на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што информираат од противпожарната служба на Грција, пожарот е во регионот на Дојранското езеро кај Килкис (Кукуш), а се гасне со 60 пожарникари со три пешадиски тима, 17 возила, два авиони и еден хеликоптер, а помагаат и цистерни и возила од општината.
Грција испрати два канадера и копнени сили за гаснење на пожарот кај Дојран.
Слично
