Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЖАРНИКАРИТЕ СЕ СПРАВУВААТ СО ЧЕТИРИ ПОЖАРИ ВО ЗЕМАЈВА: Гори ниска но и букова шума, еве каде се уште има активни

ПОЖАРНИКАРИТЕ СЕ СПРАВУВААТ СО ЧЕТИРИ ПОЖАРИ ВО ЗЕМАЈВА: Гори ниска но и букова шума, еве каде се уште има активни

Од Центарот за управување со кризи известуваат дека во изминатово деноноќие имало 23 пожари во земајва. 

Од нив, се уште гори на четири места. Тоа се пожарите во општина Студеничани, во околината на Скопје. Потоа во село Елово , каде гори ниско стелеста шума, па во селото Мелница во општина Чашка каде гори букова шума. Во Струка, помешу Ново Село и Долни Татеши гори ниска вегетација, во Битола во месноста Тепсија гори сува трева. 

- Изгаснати се пожари на 19 локации. Град Скопје, во општина Илинден, во село Бучинци каде гореше сува трева. Исто во град Скопје во општина Гази Баба во населба Еконимија повторно горела сува трева. 

На патниот правец Штип кон Неготино горела нискостеблеста шума, а во општина Штип горела и депонија. На патот Битола кон Логоварди горела сува трева, а во околина  на Битола, поточно село Добромири горела сува трева ... - посочуваат од ЦУК.

Нивниот извештај покажува дека најчесто гори сува трева, сепак ова не значи дека не може да се предизвика поголема штета. 

Граѓаните мора да бидат екстремно внимателни, да не се фрлаат отпушоци од цигари, но и други запаливи средства, со цел да се спречи поголема опасност. 

Слично

Поврзани вести