Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЖАРНИКАРИТЕ ПОВТОРНО СЕ СПРАВУВААТ СО МНОГУ ПОЖАРИ - само вчера избувнале 25, се уште гори на неколку локации

ПОЖАРНИКАРИТЕ ПОВТОРНО СЕ СПРАВУВААТ СО МНОГУ ПОЖАРИ - само вчера избувнале 25, се уште гори на неколку локации

Бројни пожари на отворено повторно се активираа низ земјава. Како што јавуваат од Центарот за управување со кризи, во текот на вчерашниот ден имаше вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои, два се сѐ уште активни. 

- На планината Мукос, место викано „Котева круша“, во атар на село Оморани, огнот е изгаснат од дожд, додека, активен е кон селото Степанци и место викано „Кадиица“ на границата помеѓу општините Чашка и Долнени, каде гори мешана шума - се појаснува во соопштението.

Вториот активен пожар е на територија на општина Студеничани, над селото Црвена Вода, место викано „Крста“. Горат ниска вегетација и нискостеблеста шума.

Под контрола е пожарот во општина Кичево, кај селото Цер, каде гори веќе на изгорениот дел, но нема опасност од проширување.

Вториот пожар, категоризиран „под контрола“, е на планината Галичица, кај место викано „Зли Дол“. Дождот го изгаснал пожарот на ресенска страна. 

Слично

Поврзани вести