Пожарникарите ќе бидат наградени со 10.000 денари
Парична награда ќе има за пожарникарите. Владата на денешната седница одлучи да ги награди сите пожарникари вклучени во гаснењето на пожарот кој го зафати Кочани и околината.
„Наградата од 10.000 денари е во знак на благодарност за демонстрираната храброст, професионалност и пожртвуваност во мисијата да се спасат животи и да се зачуваат природните ресурси на татковината. Нивната пожртвуваност и професионалност нема да останат заборавени“, информираат од Владата.
Десетина активни пожари има во земјава. Во гаснење на пожарите помагаат српски хеликоптери, а кон Пехчево се упатија пожарникари од Бугарија.
Слично
