Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЖАРНИКАРИТЕ ИНФОРМИРАА: Едно лице е повредено над браната Турија

ПОЖАРНИКАРИТЕ ИНФОРМИРАА: Едно лице е повредено над браната Турија

Едно лице е повредено над браната Турија во струмичко, каде пожарникарите интервенираа. 

На својот Фејсбук профил, Пожарникари Струмица објавија за спасување на повредено лице при судир на мотокрос, моторцикл и четирицикл.

„Во петок во 14.00 часот, од страна на службата за брза помош беше добиена пријава за повредено лице при судир на мотокрос моторцикл и четирицикл над браната Турија, во близина на с.Нивичино. Поради непристапниот терен беше побарана асистенција од наша страна и веднаш е испратен тим од пет пожарникари-спасители со теренско возило кои заедно со екипата на брза помош дојдоа до местото на несреќата и го стабилизираа и транспортираа повреденото лице до Медицински Центар Струмица“, информираат пожарникарите. 


Слично

Поврзани вести