Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пожарникарите и комуналците со најмногу работа за Нова година

Пожарникарите и комуналците со најмногу работа за Нова година

Релативно мирна ноќ помина главниот град.

Скопските пожарникари и комуналци имаа најмногу работа за најлудата ноќ и по прославата на градскиот плоштад.

За време на новогодишната ноќ се регистрирани осум пожари во Скопје а интервенциите траеле од 19 часот вчера па до седум утринава.

Пожарите претежно се предизвикани од запалени контејнери а регистриран е и пожар предизвикан од оџак. Сува трева горела во Бутел а во Сарај и Глумово имало реакција поради електрична бандера.

Работна новогодишна ноќ и утро имаа и вработените во комуналото претпријатие.

За време на најлудата ноќ Скопјани направиле речиси 40 кубни метри отпад на скопскиот плоштад, улица Македонија и старата скопска чаршија.


Фото: Град Скопје

Слично

Поврзани вести