Пожарникари од Велес спасувале мајка и дете од автомобил сред поплава
Пожарникарите од ТППЕ Велес вчера околу 19 часот успеале да спасат мајка и дете заглавени во поплавен автомобил кај поранешниот силос на „Жито Вардар“, информираат од Територијалната противпожарна единица Велес.
Според информациите, возилото останало заглавено на поплавена улица, а мајката и детето не можеле самите да излезат. Благодарение на брзата интервенција на пожарникарите од ноќната смена, двајцата биле успешно и безбедно извлечени.
Како што информираат од ТППЕ Велес, причина за честите поплави во овој дел од градот е високата ридеста конфигурација на Велес, од каде поројната вода од повисоките улици се слева кон главните градски правци, предизвикувајќи поплави и материјална штета.
Слично
