Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЖАРНИКАРИ ГО СПАСИЈА ВОЗАЧОТ: Црногорски камион заврши во двор на полициска станица

ПОЖАРНИКАРИ ГО СПАСИЈА ВОЗАЧОТ: Црногорски камион заврши во двор на полициска станица

Сообраќајна несреќа се случи во западна Македонија. Црногорски камион излета од автопатот и заврши во дворот на полициската станица, при што возачот е повреден. 

Камионот излета од коловозната лента на автопатот Гостивар – Тетово, ја скрши заштитната ограда и заврши во дворот од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај. 

„Моравме да интервенираме и да го извадиме возачот од кабината на камионот кој беше повреден и однесен во тетовската клиничка болница“, информираше Авни Амети, командир на тетовската пожарна.

Екипа од СВР Тетово изврши увид на местото на настанот. 

Слично

Поврзани вести