Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пожарникар се повредил при гасење на пожар во напуштена библиотека во Прилеп

Пожарникар се повредил при гасење на пожар во напуштена библиотека во Прилеп

Изгоре напуштена библиотека во Прилеп, a гасејќи ја се повредил пожарникар. 

Во ОВР Прилеп вчера по 16 часот е пријавено дека на ул.„Рампо Левката” избувнал пожар во стара напуштена библиотека. Територијалната противпожарна единица Прилеп го изгаснала огнот, а притоа со повредил пожарникарот Д.Б.(45) од Прилеп. Повредите се констатирани во Општа болница Прилеп.  На лице место увид извршила екипа од ОВР Прилеп.

Слично

Поврзани вести