Пожарникар нападнат во Струмица на место на кое бил пријавен пожар
Педесет и шест годишен пожарникар од Струмица бил нападнат кога како пожарникар во струмичката Територијална противпожарна едница стигнал на местото „Просенички пат“ по пријава за настанат пожар.
Како што соопшти МВР, пожарникарот инцидентот го пријавил вчера во 17:00 часот во СВР Струмица, а се случил истиот ден околу 15:10 часот.
-Според пријавеното, тој бил нападнат во моментот кога пристигнале на наведеното место по пријава во Територијалната противпожарна единица за настанат пожар, посочуваат од МВР.
По целосно документирање на случајот, против Т.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Слично
