Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЖАРИТЕ РАЗВИВААТ ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 400 СТЕПЕНИ: Направете пресек за да го заштитите својот имот

ПОЖАРИТЕ РАЗВИВААТ ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 400 СТЕПЕНИ: Направете пресек за да го заштитите својот имот

Македонија гори, пожарите ги загрозуваат имотите и животите на луѓето, а граѓаните  можат да реагираат додека пожарот е мал и во почетна фаза или да се заштитат со правење на пресек.

Пресек се прави на три начини со цел огнот да не стигне до куќите. Со сечење на дрвјата околу, со заорување со механизација и третиот начин кој кај нас не е популарен, е со контрапожар.  

„Само присуство на луѓето во опкружувањето каде што можат да се појават мали пожари може да помогне, а при голем пожар нема теоретски шанси да се направи нешто. И маса на луѓе тешко ќе може да се справи. Ако гори дрвна маса, развива голема температура, можноста да се приближите е екстремно мала. Тие пожари како во Пехчево, развиваат температура од 400 степени. Само со пресек може да се спречи да се шират пожарите. Само првентивата може да има најголем бенефит. Да има достапни средства, некаде не може да се стигне, во високи предели. При првите знаци да се реагира. Првиот час според мене е критичен. Пресекот може да се направи по три основи. Првиот со сеча, ако е густа шумата, пресекот би бил 5 до 6 метри, да не префрлат пламените јазици на друг дел. Со орање некои прават пресеци, тоа е за нискостеблеста шума, ама за висока не можете ништо. При пожар има прскање на смола, и префрлање на огнот, и може пламените јазици во висина да одат и до 20 метри, при ветер. Третиот начин, најнепопуларен кај нас, а присутен во светот е со контрапожар, да го насочите пожарот да го убие доаѓањето на другиот пожар. Само на таков начин може да се спречи раширување на пожарот“, вели Зоран Кочоски, претседател на Противпожарен сојуз на Македонија.

Кога пожарот е од големи размери, тој создава своја метеорологија.

„Морате да имате стручњаци, да ги предвидат метеоролошките појави, ветерот ја менува насоката, и сите овие техники можат да бидат залудни. Да се следи метеорологијата на пожарот. Топлиот ветер може да однесе оган на 200 метри во далечина“, додава Кочоски.

Вели дека во последни 15 години не е направено ништо со цел Македонија полесно да се справува со пожарите. Кочоски додаде дека луѓето треба да имаат соодветна опрема за заштита при гаснење на пожарите, но и дека е „убиено“ доброволното пожарникарство поради апатијата на институциите. Оние кои гаснат пожар треба 15 дена потоа да поминат на чист воздух, да се рехабилитираат. За разлика од нас, Словенија и Хрватска имаат голем број доброволни пожарникари.  Во Македонија изгореа куќи, добиток, а загина и човек во пожарите во кумановско Кокошиње. Големи пожари има во источниот дел на државата. 

Сања Атанасовска

фото Фејсбук/Градоначалник на Општина Пехчево

Слично

Поврзани вести