Пожарите досега пеплосаа над 2000 хектари шума
Во досегашните огнени стихии кои ја зафатија Република Македонија изгореле 2.392 хектари шума или опожарена е дрвна маса од вкупно 11.169 кубици, велат од Македонски шуми. Во моментов во Македонија се активни 15 пожари, а до крајот на јули во Македонија биле регистрирани 164 шумски пожари.
Според ЦУК, и денеска гори во Чашка кај Јасенова глава, во Караџица кај Градманци и Никиштани, во Скопје кај Маркова Река кај местото Бразда, во Тетово кај село Копаница и кај Жеден, во Кичево кај Лавчани, Прилеп кај Никодин и во Мариово, Кавадарци на вливот на Црна Река во Тиквешко Езеро кај селото Калишта и уште четири пожари во Македонски Брод.
За обновувањео на изгорените шуми ќе бидат потребни најмалку 10 години.
Слично
