Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЖАРИТЕ БЕСНЕАТ: Еве во кои делови на Македонија гори

ПОЖАРИТЕ БЕСНЕАТ: Еве во кои делови на Македонија гори

Пожарите во Македонија не стивнуваат, иако дел од нив се локализирани. 

Пожар има во струшкото село Богојци, а пожарот во близина на манастирот Трескавец кај Прилеп е ставен под контрола. Под контрола е и пожарот кај тетовското село Гургурница и во гостиварското село Балиндол.

Гори и во околината на Тетово, Македонски Брод, Велес и Кавадарци. Над десетина активни пожари има во земјава со кои е зафатена ниско стеблеста шума, сува трева, смрека и даб.  Активен е и пожарот на Бистра планина и кај Јасеновска глава.

Во сила е забраната за движење по шумите.

МВР ќе ги санкционира сите лица кои ќе постапат спротивно на законските одредби и намерно ќе предизвикаат пожари.

Слично

Поврзани вести