Пожар зад Водно им направи штета од 10 милиони евра на шест браќа
Штетата на имотот од пожарот што во раните утрински часови избувна во скопско Батинци се проценува на 600 милиони денари, односно 10 милиони евра, пренесува денеска Порталб.
Огнот се распламтил во 5 часот изутрина, а одделот за противпожарни интервенции објави дека пожарот бил лоциран во рок од еден час се до негово изгаснување, и било интервенирано со две возила и шест пожарникари.
Фармата била во сопственост на шест браќа.
Слично
