ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пожар во Злокуќани - горат куќи

Пожар во Злокуќани - горат куќи

Преку системот за итни повици Е-112 вечерва во 20.02 часот е пријавен пожар во куќа на улицата „Скупи“ во Злокуќани.

По пријавата, Министерството за внатрешни работи, преку Дежурно-оперативниот центар на Центарот за управување со кризи (ЦУК), побарало итно исклучување на електричната енергија во нисконапонската мрежа, со цел да се овозможи безбедна интервенција на екипите од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ).

Според првични и неофицијални информации, освен првично зафатената куќа, пожарот се проширил и на уште три соседни куќи.

Пожарникарските екипи се на терен и работат на локализирање и гаснење на огнот.

Засега нема информации за евентуални повредени лица, а причините за пожарот ќе се утврдуваат дополнително.

ad
Слично

Поврзани вести