ПОЖАР ВО ВИЗБЕГОВО - горат камиони, се стравува од ширење
Два камиони горат во населбата Визбегово, но се стравува дека пожарот може да се прошири и на други камиони.
- Преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, вечерва, во 21.14 часот, е добиена пријава за пожар во фирмата „АТЛАНТИК“ во населба Визбегово. Според првичните информации се работи за пожар на два камиони (шлепери), но според пријавата на јавувачот постои опасност да бидат зафатени и други камиони.
Од спротивна страна на патот се наоѓа бензинската пумпа ХИБ Петрол. За настаната состојба веднаш се известени БППЗ на Град Скопје и ЦИК на МВР - посочуваат од Центарот за управување со кризи.
Фото: Архива
Слично
