Пожар во училиште во Тетово
Во Државното средно стручно училиште „Моша Пијаде“ во Тетово вчера наутро избувнал пожар во машки тоалет, при што шестмина вработени биле пренесени во Клиничкиот центар во Тетово поради вдишување чад.
Според информациите од МВР, пожарот настанал околу 09:50 часот, на една кабина во машкиот тоалет. Вработените во училиштето успеале да го изгаснат пожарот со противпожарни апарати и хидранти.
При интервенцијата, поради вдишување чад, вработените Н.Р., И.П., М.С., А.З., Б.К. и Г.М. биле пренесени во Клиничкиот центар во Тетово, каде им била укажана лекарска помош.
Увид на местото извршила екипа на СВР Тетово, во содејство со јавен обвинител.
Во продолжение целото соопштение од МВР:
„На 02.06.2026 во СВР Тетово е пријавено дека околу 09:50 часот во Државно средно стручно училиште „Моша Пијаде“ во Тетово настанал пожар на една кабина во машки тоалет. Пожарот бил изгаснат од вработените со противпожарни апарати и хидранти. При гасењето, поради вдишување на чад, вработените Н.Р., И.П., М.С., А.З., Б.К. и Г.М. се пренесени во Клиничкиот центар во Тетово, за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово во содејство со Јавен обвинител.“
