ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа
Во Струмица изгореа покрив и кат од куќа.
Семејната куќа на улицата „Спиро Захов“ изгоре денеска околу 9.30 часот, соопштија од ТППЕ Струмица.
Пожарот го гаснеле три противпожарни возила и 10 пожарникари, кои успеале навреме да го локализираат и спречиле да се прошири и да предизвика поголема штета.
Во пожарот нема повредени лица, а предизвикана е материјална штета. Причините за пожарот дополнително ќе се испитуваат.
Слично
