Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пожар во Кондово: Дали куќите се во опасност?

Пожар во Кондово: Дали куќите се во опасност?

Пожарникарите цела ноќ се бореа со пожарот кај скопското село Кондово.

Сепак, огнот го променил правецот и најверојатно нема да зафати куќи. Запалена беше шума во близина на селото. 

Од Центарот за управување со кризи велат дека во гасењето на огнот учествуваат 4 цистерни, 25 пожарникари, 9 возила на Територијалната противпожарна единица и 50 лица од месното население, а помош е побарана од Општина Сарај, од Град Скопје за дополнителни сили од комуналните служби и цистерни со вода од ЈП„Водовод и канализација“ и ЈП„Комунална хигиена“.

Пожар во Кондово имаше и во средата. 

Македонија повеќе од десет дена се бори со пожарите во различни региони. 

Слично

Поврзани вести