Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЖАР ВО КОЧАНИ: Изгоре куќа и шума

ПОЖАР ВО КОЧАНИ: Изгоре куќа и шума

Во шумски пожар во Кочани денеска изгореа една куќа и петнаесетина хектари зимзелена и нискостеблеста шума. 

Пожарот избувна околу 14 часот во населбата Трајанов Трло. Огнената стихија што почнала во близина на населбата зафатила една од куќите, која целосно е изгорена, а потоа ветерот неконтролирано го проширил огнот кон блиската шума.

На терен излегоа пожарникарите на Територијалната противпожарна единица и на Доброволното противпожарно друштво од Кочани, при што во гаснењето на огнот беа ангажирани осум возила. Поддршка во интервенцијата даде и комуналното прептијатие „Водовод“, како и месното население.

„И покрај напорите да спречиме огнот да се прошири кон станбените објекти во месноста Диви градби, поради силниот ветер не успеавме и една од куќите беше зафатена од пламените јазици. Во моментот пожарот е локализиран и оневозможено е неговото ширење по падините на Осоговските Планини, каде има сува вегетација. Според првичните информации, нема повредени лица, но причинета е поголема материјална штета“, изјави Драган Апостолов, командир на ТППЕ – Кочани.

Пожарот избувнал веднаш по завршувањето на интеревенцијата на пожарникарите при пожарот во фабриката за стиропорни изолациони материјали во индустриската зона во Кочани.

Слично

Поврзани вести