ПОЖАР ВО КАРБИНЦИ: Три лица од кои двајца инвалиди се спасени во последен момент
Три лица од кои двајца тешки инвалиди се спасени во последен момент од запалена куќа во Карбинци, објави ТВ Стар. Пожарот настанал во непосредна близина на првите куќи во селото. Опожарени се две вили, а зафатена е голема површина на земјоделско земјиште и култури. Мештаните велат дека пожарот избил од блиските електрични столбови.
Претходно, градоначалникот на Општина Карбинци, Јордан Насев, за МИА изјави дека месното население им помага на штипските пожарникари, кои веднаш се јавиле и дошле на опожарениот дел. Не се знае точно што е причината за овој голем пожар. Инаку, ова е веќе трета голема огнена стихија во општина Карбинци за речиси еден месец. Претходно изгореа 300 хектари житни култури, овошни и лозови насади.
