Пожар во канцелариите на отсекот за превенција во СВР Куманово
Во канцелариите на отсекот за превенција на СВР Куманово, вчера избувнал пожар. За пожарот денеска потврдуваат и од СВР Куманво.
Пожарот избувнал во седум часот и го забележал вработен. Интервенирала екипа на противпожарната единица со едно возило и петмина пожарникари.
Од СВР Куманово велат дека ќе се утврдува материјалната штета, а причината за избувнување на пожарот веројатно е дотраената електична инсталација.
Претходно, во јануари, пожар избувна во една од канццелариите за аналитика од СВР Куманово. Тогаш беше утврдено дека причина за настанување на пожарот беше застарената електрична инсталација.
Слично
