Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пожар во Јосифово, МВР покрена хеликоптер

Пожар во Јосифово, МВР покрена хеликоптер

Во текот на денешниот ден на територијата на Валандово, во атарот на селото Јосифово, избувна пожар во сува трева. Поради силен ветер и високи температури, огнот брзо се прошири и го загрози населеното место.

Центарот за управивање со кризи соопшти дека на терен интервенираат 4 возила и 7 пожарникари од Валандово и 1 возило и 3 пожарникари од Гевгелија.

По барање на градоначалникот, преку бројот за итни повици 112, побарана е воздухопловна поддршка и дополнителни тимови за справување со пожарот.

„Центарот за управување со кризи (ЦУК) веднаш испрати барање до Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и Секторот за специјални задачи (СИКС) при МВР за ангажирање на хеликоптер за гаснење од воздух. Хеликоптерот на МВР веќе е во воздух и се движи кон местото на пожарот“, известува ЦУК.


Слично

Поврзани вести