(ОБНОВЕНО) ПОЖАР ВО ФАБРИКАТА ЗА МУНИЦИЈА ВО МАКЕДОНСКИ БРОД - на терен веднаш се испратени противпожарните екипи
Пожар избувна денеска во фабриката за муниција и оружје „Сувенир“ во населбата Самоков, Македонски Брод, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Охрид.
Опожарена е магацинска хала со хемикалии.
На терен веднаш пристигнала Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Македонски Брод со едно противпожарно возило и тројца пожарникари.
Како превентивна мерка, електричната енергија во фабриката е исклучена.
Подоцна од ЦУК информираа дека пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат.
- Во ниту еден момент немаше опасност од негово ширење кон објектите на фабриката Самоков - напоменуваат од ЦУК.
Слично
