Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЖАР ВО ФАБРИКА ЗА БОИ И ЛАКОВИ ВО БЛИЗИНА НА ТЕТОВО: Пожарникарите се на терен, се бара помош од соседните градови

ПОЖАР ВО ФАБРИКА ЗА БОИ И ЛАКОВИ ВО БЛИЗИНА НА ТЕТОВО: Пожарникарите се на терен, се бара помош од соседните градови

Голем пожар избувна околу 10 част и 30 минути во магацин на трговска фирма со материјали за електротехника и железарија во близина на тетовското село Фалише. Во гаснењето на пожарот интервенираат пожарникарите од тетовската територијална противпожарна единица. 

- Пожарот е пријавен во СВР Тетово, полицајци го обезбезбедуваат местото. Засега немаме информациите за повредени лица - информираат од СВР Тетово.

Од Центарот за управување со кризи, посочуваат дека на лице место се упатиле и нивни екипи, заедно со директорот Стојанче Ангелов.

Според пријавата за пожар во ЦУК, преку Единствениот број за итни повици 112 гори во фабриката за бои и лакови ,,Еуроком". 


Пожарникарите од ТППЕ Тетово веднаш се излезени на терен, а ЦУК побарал помош од пожарникарите од Скопје, Гостивар, Велес и Куманово. Побарана е и помош од гостиварски приватни фирми коишто можат да помогнат со машинерија, бидејќи ситуацијата е алармантна за расчистување на материјалите што се во магацинот, а не се фатени од пожарот. 


Иако е побарано да се вклучи хеликоптер од МВР, временските услови во Тетово каде има густа магла не дозволуваат гасење на пожар од воздух во овој момент.

Фото: ЦУК

Слично

Поврзани вести