Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пожар во два социјални стана во кои живеат малолетни деца

Пожар во два социјални стана во кои живеат малолетни деца

Два социјални стана во кои живеат семејства со малолетни деца се запалиле во Берово, објави МИА, а жртви нема благодарение на присебноста на пожарникарите и полициските службеници кои спасиле вистинска катастрофа. 

Малолетните дечиња навреме се извлечени од нивните домови, а семејствата преноќиле во околните објекти поради тоа што не постојат услови да се вратат назад.

-Страшно беше овде во неделата, се спасуваше жива глава во домот на Шехерзад Арифовска и Сенад Чиндаровски. Поради тоа што мораше итно да се реагира и два други стана се оштетени. Среќа што се спасија дечињата, вели нивната сосетка, Мерлина Зекировска.

Службите испитуваат која е причината за пожарот, додека станарите претпоставуваат дека станува збор за неисправна инсталација. Од Општина Берово е најавена помош за семејствата Арифовски и Чиндаровски, но дополнително ќе излезат со соопштение.


Слично

Поврзани вести