Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЖАР ВО БЛИСС МОЛ ВО БИТОЛА: Искра од апарат за заварување го направи неизвесно отворањето на центарот

ПОЖАР ВО БЛИСС МОЛ ВО БИТОЛА: Искра од апарат за заварување го направи неизвесно отворањето на центарот

Искра од апарат за заварување  употребен при монтажа на декоративна фасада, го предизвика пожарот во трговскиот мол Блис во Битола, при подготовка за отворање на објектот кое беше закажано на 5 август.

Како што информират  од Беком Инвест, сопственици на објектот, пожарот избувнал вчера во попладневните часови, кога се запалил  фасаден панел, но со брза реакција на противпожарната единица пожарот беше  локализиран.

Од Беком Инвест велат дека предизвиканата штета не е голема, а за среќа нема  повредни.

„Според пвичниот увид, причинета е мала материјална штета на фасадниот панел на источната страна, кој, благодарение на фактот што е огноотпорен и има дополнителна внатрешна изолација со камена волна, како и огноотпорни ѕидови од гипсени табли, се спречи проширување во внатрешноста на објектот и на околната фасада. По извршениот увид после гаснењето на пожарот, не се констатиран штети на останатитеделови на објектот ниту на конструкцијата, информираат од Беком Инвест.

Битолската пожарна дојавата за пожарот ја добиле околу 18 часот вчера, а во гаснење учествувале и од РЕК Битола.

Шопинг молот Блис се наоѓа на влезот од Битола, и е во завршна фаза на отворање,  а деновиве се подготвуваат продавниците, се местат излозите на бутиците, меѓу кои ќе има и брендирани производи Дали молот ќе биде пуштен во употреба како  што првично се најавуваше, на 5 август, од Беком Инвест велат дека  ќе се знае откако ќе се направи уште една проверка во текот на денот, по што очекуваат  отворањето на објектот да биде без задоцнување, но и безбедно.

Тие преку фејсбук групата Бабам Битола информираа за пожарот.

„Дозволете да Ве известиме дека денес, на ден 30.07.2024 во попладневните часови, БЕКОМ ИНВЕСТ ДОО се соочи со несреќен случај во малoпродажен парк БЛИСС, Битола.

Поконкретно, во тек на монтажа на декоративната фасада на источната страна од комплексната градба, како последица на искра од швајц- апарат употребен при поставувањето на држачите, се запали фасаден панел. Благодарение на брзата детекција и дојава, и секако, на брзата реакција на гасење со хидрантска мрежа, пожарот за релативно кратко време беше локализиран од страна на ТППЕ Битола.

Овде, дозволете да ја изразиме нашата бескрајна благодарност до командирот и сите вработени на ТППЕ Битола, кои беа на ниво на задачата и извршија навремена локализација. Дополнителна и голема благодарност изразуваме до градоначалникот на Општина Битола, г-дин Коњановски, секретарот Димитровски, на раководството на јавните претпријатија кои извршија брз увид со своите екипи, на пожарната единица од РЕК Битола, како и на обучениот затекнат кадар на објектот вклучувајки ги сите останати лица кои несебично се вклучија во помошта при гасењето на пожарот.

Она што за нас е најбитно е да Ве известиме дека нема жртви, ниту повредени. Единствено, според првичниот увид, причинета е материјална штета која го опфаќа на фасадниот панел на источната страна, кој благодарение на фактот што е со PIR исполна (огноотпорен) во комбинација со PIR (огноотпорни) кровни панели и дополнителна внатрешна изолација со камена волна и огноотпорни ѕидови од гипсени табли, се спречи проширување во внатрешноста на објектот и на околните фасади од објектот.

По извршениот увид после гасењето на пожарот не се констатирани штети на останатите делови на објектот ниту на конструктивните делови од истиот.

Утрешниот повторен и подетален увид ќе даде конечен одговор во однос на отварањето на Ретаил паркот и Молот, со што ќе следи дополнително известување.

БЕКОМ ИНВЕСТ Ви ветува дека ќе даде сѐ од себе, со сите свои сили, можности и ингеренции да ја надминеме оваа ситуација, со цел да направиме отворањето на оваа капитална градба за градот и околината да биде без задоцнување а истовремено да претставува безбедно и удобно место за сите.“ се вели во објавата.



Слично

Поврзани вести