Пожар се шири на Скопска Црна Гора
Пожар над селото Страцинци се шири на Скопска Црна Гора.
Огнот се движи кон селото Мојанце. Зафатена е ниско стеблеста шума, изјави за МИА командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски.
Тој додаде дека три возила со 10 пожарникари се на терен.
Ова лето големи пожари ја опустошија Македонија, посебно во околината на Велес.
Слично
