Пожар пријавен во Министерството за култура
Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска информира дека денеска во просториите на Министерството за култура избил мал пожар, кој веднаш бил изгаснат од вработените со ПП апарат.
„Според протоколите за работа сите вработени од Министерството беа евакуирани навремено. Беше повикана Противпожарната служба и екипа на Министерството за внатрешни работи, како и екипа од Јавното обвинителство кои вршат увид за утврдување на причините за пожарот и евентуално причинетата штета“, информира Костадиновска Стојчевска.
Кога ќе има дополнителни информации, Министерството за култура навремено ќе ги изнесе пред јавноста.
Слично
