Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЖАР ПЕПЛОСА СЕ ВО ФАБРИКАТА: „Тила“ целосно е уништена“

ПОЖАР ПЕПЛОСА СЕ ВО ФАБРИКАТА: „Тила“ целосно е уништена“

"Драги наши пријатели, за оние кои сеуште не се информирани, со многу тешко срце и голема болка во душата, Ве информираме дека вчера на 21.04.2023 г во фабриката Тила изби пожар во кој за жал изгоре се!

Причините за пожарот за жал сеуште не се познати и се чека од страна на надлежните органи на утврдување на истите како и на процена на направената штета. Во моментот на избивањето на пожарот фабриката не работеше и нема повредени.  

За оние кои не знаат брендот Тила е дело и креација на две сестри кои со помош на нивната семејна компанија конфекција Хатра во Прилеп започнуваат со креирање и менаџирање на компанијата уште во своите рани 20ти години!

Брендот Тила го градиме веќе 15 години и со години беше и е единствен македонски бренд на детска облека кој функционира професионално од типот на дизајнерските брендови. Создаден е со премногу љубов, преголем труд и чесна и макотрпна работа. Тоа што ни се случи е премногу болно и тешко за нас бидејќи е вложен многугодишен труд и средства за да изградиме современа фабрика и висок стандард на квалитет на нашиот бренд со кој ќе се гордеат сите Македонци. 

Сакаме да Ве информираме дека нашите продажни места и понатаму ќе продолжат со работа, а благодарение на нашите пријатели и нивната подршка производниот процес ќе го продолжиме во најбрз можен рок.

Воедно Ви се заблагодаруваме за Вашата безрезервна поддршка која ни ја дававте и во изминатите години, а која сега ќе ни значи најмногу од се. Тила живее преку Вашите најмили и се надеваме така и ќе продолжи и во иднина!",објави сопственичката на Фејсбук.


Слично

Поврзани вести