Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пожар однесе во смрт жена од Прилеп, семејствата спасени

Пожар однесе во смрт жена од Прилеп, семејствата спасени

Шест лица куртулија, но 72 годишната мајка и баба и не успеа да се спаси.

Пожар зафати куќа во Прилеп при што настрада седумдесет и две годишна жена во саботата утрото околу 8 часот.

Брзата реакција на противпожарната единица со 4 возила и 11 пожарникари успеа да спаси шест човечки животи но не и повозрасната жена.

Според официјалните информации огнената стихија избила во приземјето каде што живеела жената која се греела на дрва, додека двата сина на починатата со своите семејства се спасени преку балконите.

Причините за пожарот уште не се познати, а семејствата ќе добијат помош од општината, како што најави градоначалникот на Прилип.

Слично

Поврзани вести