Пожар од Радовиш се шири кон општина Василево
Пожарот кој се појави во близина на Радовиш се шири кон струмичко, односно општина Василево.
Пожарот на планината Готен кај Радовиш меѓу селата Покрајчево и Злеово и понатаму е активен. Гори претежно нискостеблеста шума. Скоро десетина дена екипите на радовишкото шумско претпријатие задно со противпожарната единица и дирекцијата за заштита и спасување не можат да го изгаснат. На терен има педесетина лица.
Претходните денови имаше голем пожар во околината на Велес, синоќа гореше во Општина Чашка, а претходно имаше пожар во охридско.
Слично
