Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пожар над селото Кондово во општина Сарај

Пожар над селото Кондово во општина Сарај


Голем пожар пред неколку часа ја зафати планината во селото Кондово, каде што жителите алармираат, апелирајќи за интервенција бидејќи има многу борови кои предизвикуваат брзо ширење на пожарот, информира Клан М.

Се очекува да пристигнат пожарникари и Центарот за управување со кризи да интервенира. Инаку, Кондовo е познатo по големиот пожар кој направи голема штета во 2017 година

Кај село Кондово во Општина Сарај денеска во 14:17 часот е пријавен пожар со кој се зафатени сува трева, грмушки и нискостеблеста шумска вегетација, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според информациите на ЦУК, Бригадата за противпожарна заштита БППЗ на Град Скопје е на терен со две возила и пет пожарникари.

- Овој  пожар на отворено е еден од повеќето во земјава денеска, врз коишто дејствуваат пожарникарските тимови од повеќе институции од Системот за управување со кризи, што е близу до патна мрежа и може да се забележи полесно, велат од ЦУК.


Слично

Поврзани вести