Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пожар над Пехчево, очевидци велат избувнал за миг

Пожар над Пехчево, очевидци велат избувнал за миг

Викенд-рекреативци информираат дека пожар одеднаш избувнал на една од планините над Пехчево. Гори местото викано Буковиќ, на три километри од градот, каде што ова лето пожарникарите веќе еднаш водеа тешки борби со стихијата.

Алармираат дека покрај високите температури, во прилог на пожарот оди и ветровитото време. Позитивно е тоа што веќе во овој регион има подготвени служби за гаснење.

Со пожарот се загрозени дрвја кои се постари од еден век и многу други ендемски растителни видови.


Слично

Поврзани вести