Пожар на влезот во индустриска зона во Василево
Денес избувна пожар на влезот од индустриската зона на магистралниот пат Струмица- Радовиш, на клучката кај селото Василево. Според неофицијални информации, гори салон за мебел.
Во близина на салонот се наоѓа и бензиска пума која засега не е зафатена од огнот. Огнените јазици и црниот чад можат да се забележат од огромна далечина.
Неколку возила на противпожарната единица од Струмица го гаснат пожарот, а засега патот кај клучката за Василево е прооден.
Слично
