Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЖАР НА ТВРДИНАТА ИСАР ВО ШТИП - огнот многу блиску до куќите

ПОЖАР НА ТВРДИНАТА ИСАР ВО ШТИП - огнот многу блиску до куќите

Денеска избувна пожар на источната страна на тврдината Исар во Штип, веднаш до првите куќи. Најпрвин гореше сува трева, но пожарот зафати и грмушки, но и дрвја во близина на куќите. 

Станарите први почнаа да го гасат огинот со вода, но пламенот носен од ветрот почна да се шири кон врвот на Исарот, но и кон останатите куќи кои гравитиораат кон Штипско Ново Село.


Од Противпожарната единица велат дека се пратени првите екипи за рачно гасење на пожарот заради непристапниот терен за теренскио возила. Во гасењето се вклучија и станарите од најблиските куќи кои и се најмногу загрозени. 

Топлото летно време и сувата вегетација се фактори кои дополнително го олеснуваат ширењето на пламените јазици.

Ер трактор на ДЗС полета кон пожарот на штипскиот Исар,



Причините за избувнувањето на овој пожар дополнително ќе се утврдуваат од страна на надлежните институции по неговото целосно гаснење.


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести