Пожар изби на Скопска Црна Гора
Пожар изби на Скопска Црна Гора денес попладне, што може да се види и од фотографиите испратени од читатели до нашата редакција.
Според првичните информации, гори сува трева на повисоките делови над селата Арачиново и Страчинци.
Од Центарот за управување со кризи известуваат дека добиен е повик за евидентирани активни жаришта на повеќе локации.
На терен се екипи од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Слично
