Пожар изби и во виничко, но за неколку часа е изгаснат
Пожар избил во околината на градот Виница, но тој е ставен под контрола.
Центарот за управување со кризи(ЦУК) објави дека пожарот што денеска се појавил на пладне во месноста Скараница, за неколку часа го изгаснале пожарникарите од Виница и дел од месни жители. Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, беше на лице место на терен при што искажа благодарност и им оддаде признание на пожарникарите за брзата и успешна реакција за локализирање и гаснење на пожарот за неколку часа веднаш по неговото појавување околу 12 часот. Беше зафатена површина околу 10 до 15 хектари од мешана шума и трева, а и еден овоштарник со сливи. Дежурна екипа од виничките пожарникари ќе внимава за да не се разгори. Во меѓувреме, пожар има во беровските села. Станува збор за Будинарци и Митрашинци. Во непристапниот планински терен гори на неколку локации, пожарникари, но и вработени од повеќе институции се на терен и го гаснат пожарот од земја.
фото ЦУК
