„ПОЖАЛНО Е ШТО ШЕФИЦА НА ДРЖАВА СЕ ОДНЕСУВА КАКО ДОМАЌИНКА“: Ванковска за претседателката Силјановска Давкова
Во пресрет на одбележувањето на 80 годишнината од победата на фашизмот, професорката Билјана Ванковска со реакција за најавената генералка која ја промовира претседателката Гордана Силјановска Давкова, која подразбира еколошка акција.
„Цел свет (на еден или друг начин) се подготвува да ја одбележи 80-та годишнина од победата над фашизмот, нашата претседателка промовира еколошка акција од 9-11 мај!?! И тоа промовирана/напишана на латиница GENERALKA WEEKEND! Ова е типичен ен-џи-о-овски стил.
Прво, под “генералка” во секојдневниот говор, домаќинките мислат на темелно чистење на домот. Зошто тогаш на латиница? И зошто weekend на англиски? Но, ова е смешната и помалку важна работа (иако пред два дена го славеа македонскиот јазик ).
Пожално е што шеф/ица на држава се однесува како домаќинка во време-невреме! Рецитира научна поезија за еколошка кауза, божем народот знае или го интересираат авторитетите кои таа ги става во “фусноти”… Секоја чест за чистење на јавните простори и природата, но НЕ на 9 Мај!!! Нели беше ќерка на партизан?
Знае ли претседателката нешто повеќе од ЕУ и повторно ЕУ?! Патем, свесна ли е што се случува во светот?! Онака поетски расположена во шумата наликува на личност која е можеби блиска со природата, но никако на претседател на Република“, напиша таа на фејсбук.
Слично
