ПОЗАЈМИЛЕ 80 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ, А „НАПЛАТИЛЕ“ НАД 700.000: уапсени лихвари од Кавадарци
Двајца жители на Кавадарци се упасени поради лихварство, објави Министерството за внатрешни работи. Уапсените успеале да „наплатат“ над 700.000 денари за долг од 80.000 денари од една од жртвите која ги пријавила.
- На 06.11.2025 во 09:20 часот, во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода Н.С.(59) и неговиот син Р.С.(34) од Кавадарци, поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“ по член 260 од КЗ.
Според пријавеното, во јуни 2023, 71-годишен маж од Неготино од нив позајмил околу 80.000 денари и се договориле да враќа по 20.000 денари неделно, но бидејќи не успеал да го врати земеното, постојано му пресметувале камата и му го зголемувале долгот.
За целиот период, оштетениот му исплатил на Н.С. сума од над 700 000 денари - објаснуваат од МВР.
По издадена судска наредба, бил извршен претрес во домот на Н.С. и Р.С., при што се пронајдени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делото. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Фото: Принтскрин/МВР/Фејсбук
Слично
